Економија, финансии, бизнис

Контакт

Надлежните тврдат дека водата од изворот Рашче не е загадена, затвор до 5 години за оние кои шират општа опасност

Надлежните тврдат дека водата од изворот Рашче не е загадена, затвор до 5 години за оние кои шират општа опасност

Лажна вест е дека водата од изворот Рашче е загадена, информираат денеска од ЈП Водовод и канализација. Од оваа институција тврадт дека на локалитетот нема нешто што би истекло и директно би го загрозило изворот.

„Постројките кои ги третираат подземните води се чисти и во одлична состојба и истите постојано се следат од наша, а и од страна на надлежни институции. ЈП Водовод и канализација - Скопје секојдневно врши анализи на водата на 38 локации на територијата на градот Скопје. Граѓаните на градот Скопје пијат најчистиста и најквалитетна вода за пиење“, велат од ЈП Водовод и канализација.

Од таму предупредуваат и дека предизвикување општа опасност според КЗ член 288, став 1, е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до 5 години.

Слично

Поврзани вести