Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над сто илјади морски суштества и птици умираат годишно од пластика

Над сто илјади морски суштества и птици умираат годишно од пластика

Научниците секојдневно укажуваат на огромните штети кои настануваат од фрлањето на пластиката во океанските води. Нуркачите буквално се борат со натрупаната пластика која се наоѓа во огромен број на дното на морињата. Споделуваат слики на животни кои се заплеткале, или повредиле од пластика. А најновите истражувања пак покажуваат дека над 100 илјади морски суштества и околу милион птици умираат годишно од пластиката која се фрла во морињата и океаните.

Последните истражувања на научниците покажуваат дека повеќе од 8 милиони тони пластика се влеваат во океаните во форма на ѓубре. За да си го замислите, тоа значи дека на секоја една минута се излева барем по еден камион полн со пластика во водата. Таа се распаѓа на помали честички, но никогаш не се разградува целосно, тврдат научниците.

Според нив, еден од чекорите за надминување на овој огромен светски проблем, е да се обидуваме да произведуваме производи кои можат да се рециклираат.

Во 1907 година американскиот хемичар Лео Бакеланд ја создава пластиката сосема случајно.

Век подоцна пластичните шишиња, чаши, прибор и што ли уште не од пластика се насекаде околу нас.


Слично

Поврзани вести