Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над половина милион евра за две лаборатории на ПМФ

Над половина милион евра за две лаборатории на ПМФ

Промовирани две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет. Станува збор за лабораторија за ин витро култури на растителни ткива на ПМФ како и лабораторија за наноматеријали на Институтот за хемија.

Како што соопштија од владиниот кабинет, лаборатории се финансирани од средства на Владата. За првата се инвестирани 430 илјади евра и помага во создавањето на вештачко семе кое со позасилени материјални елементи.

Втората лабораторија за нано материјал чини околу 150 илјади евра и е прва од ваков тип во земјава, а таа освен за научни цели и студенти, може да се користи и од страна на приватниот сектор. Вкупната инвестиција изнесува 580 илјади евра, а како што посочуваат од Владата, двете лаборатории ќе бидат многу корисни за самиот факултет, бидејќи ќе има приливи на средства кога ќе даваат услуги на бизнис секторот.
Слично

Поврзани вести