Над 33 милиони евра субвенции за рурален развој: Дали се доволни за модернизација на аграрот?
Вкупно 33.253.658 евра годинава се обезбедени за субвенции на руралниот развој. Парите се поделени во две категории. За првата категорија се предвидени 31.400.000 евра и овие сресдтсва се наменети за субвенции за обука и информирање на земјоделците, помош за млади земјоделци, инвестиции за модернизацијха на земјоделското производство, маркетинг, инфраструктура, органско производство, подобрување на квалитетот на животот во руралните средини и друго. Од оваа категорија најмногу субвенции или 9.261.728 се планирани за инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, над 5 милиони евра се наменети за субвенции за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, над 4,4 милиони евра се планирани за субвенции за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја а за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини се предвидени нешто повеќе од 4,5 милиони евра. Дел од парите се наманети за подмирување на неисплатените субвенции од претходнмите години.
За мерките од оваа категорија можат да конкурираат земјоделците, агробизнисмените, а за дел и јавните институции. Така за мерката Советодавни услуги во земјоделството можат да конкурираат јавните институции од областа на образованиетои научно-истражувачката работа за земјоделство и шумарство, национални земјоделски здурженија и правни лица основани за вршење дејност од областа на советодавни услуги во земјоделството и шумарството.
Парите од мерката за Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, се распределуваат како неповратна финансиска поддршка за инвестиции за следните намени:
- Набавка на добиток 243.902 евра
- Набавка на пчелни матици 8.130 евра
- Подигање на лозови и овошни насади и медоносна флора 317.073 евра
- Набавка на опрема за систем капка по капказа пченка,сончоглед,фуражни култури и бунари за наводнување 243.902 евра
- Набавка на земјоделска опрема и механизација за житни и индустриски култури 180.154 евра
Слично
