Економија, финансии, бизнис

Контакт

Националната кампања „Јас внимавам“ со донации во Куманово

Националната кампања „Јас внимавам“ со донации во Куманово

Како дел од активностите на кампањата „Јас внимавам“, денеска во основните училишта „Кочо Рацин“ и „Толи Зордумис“ од Куманово, беа поставени едукативни сообраќајни полигони. Оваа донација во согласност со кампањата има за цел да им овозможи сообраќајна едукација на најмладите учесници во сообраќајот и да ги научи како најбезбедно да се однесуваат во истиот. Освен тоа, сите ученици добија едукативни боенки, а за нив беше изведена и претставата „Јас Внимавам“, преку чии едукативни пораки полесно ќе се совладаат сообраќајните знаци и правила. Ваквата донација, осма по ред, ќе се реализира и во други основни училишта ширум Македонија до крајот на годината.

Годишната кампања, „Јас Внимавам“ иницирана од компанијата ОКТА и со поддршка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е наменета да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и да влијае на сообраќајната култура во земјава.


Слично

Поврзани вести