На Земјата се оформува нов суперконтинент Амазија
Земјотресот во Непал повторно покажа дека земните маси веќе се во процес со кој се формира нов суперконтинент Амазија, објави "Дејли мејл".
Ова го тврди д-р Женг-Сјан Ли кој ги проучувал во Непал судирот на Индиската и евроазиската плоча.
Иако веќе е поврзана со Евроазија, Индиската плоча продолжува да се движи на север со неколку сантиметри годишно. Ова предизвикува тектонски активности.
Другите континенти така се движат еден кон друг, а Пацификот се стеснува со неколку сантиметри годишно. На крајот на процесот ќе предизвика судир на Америка со Евроазија. Австралија исто така се движи кон Азија со 7 см годишно.
Идејата дека на Земјата се формира нов суперконтинент наречен Амазија, не е нова.
Повеќе совршената техника сепак овозможува промените да се следат во невиден начин. Специјалистите не се согласуваат каде ќе се формира новиот суперконтинент. Според некои центарот ќе е Африка, но научниците од Универзитетот Јеил мислат дека тој ќе е околу Северниот Пол. Според нивното истражување од 2012 година Северна и Јужна Америка ќе се спојат, Карипско Море и Северниот Леден Океан ќе исчезнат, а Азија ќе се спои со двете Америки. Ова може да се случи по 50 до 200 милиони години.
Новата техника - сеизмичка томографија со висока резолуција, географски информациони системи и сè поголемата компјутерска моќ, им овозможуваат на научниците да ги пронајдат овие промени во невиден начин.
Тие на пример можат да ги споредат со претходните суперконтиненти Родина и Пангеја, формирани се соодветно пред една милијарда и 300 милиони години.
"Овие технологии ни овозможија да ја поврзуваме сегашната тектоника на плочите со динамични процеси длабоко во мантија, а исто така и со древни геолошки податоци", вели д-р Ли за "Сиднеј морнинг хералд".
