Економија, финансии, бизнис

Контакт

На штандот на ДЛМ на ПивоФест во Прилеп изгребано Рено Твинго во Твингоманија 2

На штандот на ДЛМ на ПивоФест во Прилеп изгребано Рено Твинго во Твингоманија 2
Деновите на пивото и забавата во Прилеп се и денови за среќа со можност за парични добивки, скутери и автомобили за сите кои ќе го посетат штандот на Државна лотарија на Македонија.

На наше огромно задоволство, можеме да ја споделиме информацијата дека токму денес на Пивофест имаме и добитник на премијата во Инстант лотаријата Твингоманија 2- автомобил Рено Твинго.

Инстант среќата до крајот на Пивофест останува да им биде на  на дофат на сите посетители преку инстант лозовите: Среќни коцки кој нуди добивки до 1.000.000 денари; Подарок со можност за добивки до 1000 евра; 7ма Брзина со понуда на атрактивен автомобил ГОЛФ7; СМАЈЛИ за добивка скутер; ХОРОСКОП - експрес лоз кој за 20 денари нуди добивки до 30.000 денари; ТВИНГОМАНИЈА со понуда на 40 автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД и други лозови кои нудат парични добивки.

Ги покануваме посетителите на ПИВОФЕСТ во Прилеп до 21ви јули да се вклучат во големиот круг на добивки и забава со инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија.

Слично

Поврзани вести