Економија, финансии, бизнис

Контакт

На прагот на зимата семејството Мицеви ќе го исфрлат на улица!

На прагот на зимата семејството Мицеви ќе го исфрлат на улица!
Исчезна и последната надеж на скопското семејство Мицеви, дека низ институционален пат ќе можат да го задржат својот дом во скопската населба Аеродром. После долгогодишен судски процес, кој институциите парадоксално го започнаа по притисокот на медиумите, семсјвото мора да се исели од некогашната воена барака во населбата Аеродром, во која живее во минатите 20 години. Трајан Мицев, сопругот на Лора, и 14 годишната ќерка Ана Марија. Семејството Мицеви вели дека институциите ги излажале пред три години, кога пред нивната барака се случуваше драма, бидејќи при обидот за насилно иселување таткото Трајан се поли со бензин за да се запали, а мајката Лора кон своето тело упери нож. Настанот тогаш не заврши трагично, бидејќи полицијата се повлече, по телевизискиот пренос на случувањата, а семејството од тогашниот директор на Јавното претпријатие за управување со станбен и деловен простор Љубе Чаловски им вети дека ќе добијат можност и да го откупат 38 квадратниот стан.
Кога во 2009 – та се донесе новиот закон за домување, ние се надевавме дека ќе добиеме можност да ја купиме бараката. Особено по последниот незаконски обид за насилно иселување во 2010 – та ние добивме и ветување од Чаловски, дека ќе останеме во станот, и дека ќе добиеме можност да го откупиме. Од сето тоа ние добивме судска тужба и денес мораме да се иселиме од бараката, само проблем е што не знам каде ќе одиме – вели Трајан Мицев
Судската пресуда за семејството Мицеви е дека незаконски живеат во станот и дека мора да се иселат. Трајан вели дека и скопска Апелација не им ја уважила жалбата, и сега веќе немаат други опции. Пред три години иселувани незаконски, денес со судска одлука Воената барака во која живее семејството Мицеви 20 години, е оставена за нив од страна поранешниот сопственик, но тие не добиле никаков документ. Нивната голгота почнува пред 4 години, кога Јавното претпријатие за управување со станбен и деловен простор нивната барака ја доделува на друг граѓанин, а нив се обидува да ги исели. Поплаките на Мицеви и укажувањата на адвокатите дека такво иселување без судска одлука е незаконски не вродија со плод, а Јавното претпријатие се оглуши на одредбите на тогашниот закон за домување, дека доколку некој живее во објект повеќе од 15 години потребен е судски процес за негово иселување. Тогаш негативните реакции во јавноста, и обидот за самоубиство на семејството го присилија претпријатието да ја повлече полицијата. Денес Трајан вели разбира дека е изигран и излажан од иснтитуциите, предаден и од соседите кои сега сакаат побрзо да отиде бидејќи на нивната локација треба да се гради зграда.
Адвокатот на инвеститорот ми прати писмо. Вели „добронамерно“ ми објаснува дека немам друг излез веќе освен да се иселам, а знам и сошто така ме ибедуваат, сакаат да почнат со градење на зграда, но најмногу ми е криво што по 20 годишно живеење во овој дом, каде ми се роди ќерката, каде доживеав убави и лоши моменти, немам никакво право на него – вели Трајан Мицев
Народната поговорка дека државата за некого е мајка, за некого маќеа, најмногу доаѓа до израз во случајот со Трајан, Лора и Ана Марија Мицеви. Сеге веќе 14 годишната ќеркичка преку социјалните мрежи порачува дека е очајна, и вели не знае што ќе се случи со нејзиното семејство, мајката е невработена а таткото кој порано подработувал како таксист, вели денес се снаоѓа да донесе плата дома. Семејството Мицеви и сега опстојува тешко и едвај успева да плати сметки. Велат пари за кирија немаат, а кога насилно ќе ги исфрлат од станот, не знаат каде да одат. А зимата доаѓа. С.Р.
Слично

Поврзани вести