Економија, финансии, бизнис

Контакт

На повидок соработка меѓу „Гугл“ и „ЛГ“

На повидок соработка меѓу „Гугл“ и „ЛГ“

Јужнокорејската компанија  „ЛГ“ преговара со интернет гигантот „Гугл“  за производство на нов паметен телефон Нексус.

Според информациите кои се појавија на интернет, претставници на „Гугл“  се состанале со претставници на „ЛГ“ во седиштето на компанијата во Јужна Кореја.

Локалните медиуми тврдат дека „ЛГ“ и „Гугл“ планираат да постигнат договор за призводство на смартфони кои ќе се појават на пазарот оваа година.

Името на уреднот уште не е познато. Некои велат дека ќе го добие името Нексус 7, без разлика на тоа што „Гугл“ веќе претстави таблет компјутери под тоа име, додека други извори тврдат дека уредот се развива под кодното име Нооо.

Претходно се појавија информации дека „Хјуавеи“ е најблизок соработник со „Гугл“ и дека токму оваа компанија ќе произведе нов „Нексус“.

Слично

Поврзани вести