Економија, финансии, бизнис

Контакт

На патот кон успехот ова мора да го знаете

На патот кон успехот ова мора да го знаете

Сајтот Entrepreneur ги наведува митовите на кои не треба да верувате доколку сакате да бидете успешни.

Скапото образование гарантира успех

Образованието доаѓа во секакви форми и може да биде стекнато на најразлични начини. Клучот е во акумулацијата на знаење и стекнување на животно искуство, кое ќе ве научи како да се примени во пракса наученото.

Мора да бидете перфекционисти и работохолици, за да бидете успешни

Важно е да посветиме време на самите себе. Овој мит ја всадува идејата дека треба да сме подготвени да жртвуваме сѐ во името на работата. Значи сепак ја креваме границата невозможно високо и постигнуваме обратен ефект – се чувствуваме демотивирани и напнати. 

Треба да се фокусирате на она што го правите најдобро

Овој мит налага дека ако сакате да бидете успешни, треба да го фокусирате целото внимание во една област на развој. Пристапот може да работи за некои луѓе, но неговиот недостаток лежи во фактот дека кога се фокусирате на една област на бизнисот, вие ги затворате вратите кон други можности. 

Слично

Поврзани вести