На патниот правец Кочани – Делчево повторно одрони
На магистралниот пат А-3 Кочани - Делчево, поточно на потегот Истибања и М.Каменица, на повеќе места од патот има зголемена појава на одрони од камења.
Поради надоаѓање на поголема количина на вода од Калковска Река, на патниот правец Удово-Валандово сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента. На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На регионалниот пат Гевгелија - локалитет "Смрдлива вода" во м.в. "Длабок дол", сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента поради појава на свлечиште. На патниот правец Р1205 Крупиште – Пробиштип кај село Неокази дојдено е до попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20см). Сообраќајот се одвива отежнато по една коловозна лента.
На територија на Струмица, поради оштетување на мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат с.Просениково - с.Сарај, а сообраќајот на овој патен правец за ТТВ се одвива по заобиколен пат.
На патниот правец Р2232 Кочани – Злетово, кај с.Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30км/ч поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација. Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец с.Дурачка река – с.Дренак во должина од 7 км. На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на с.Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и поставени се знаци за предупредување. На патниот правец Лакавица - Неготино на 7км. над село Лесковица има пропаѓање на патот во должина од 200м. на кој е извршена санација. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На овој дел сообраќајот се одвива забавено. Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на река Брегалница. Забранет е сообраќај за тешки товарни возила над 7,5 т. и автобуси на патен правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, соопштуваат од АМСМ.
