На македонскиот агро бизнис потребни му се иновации и модернизација
Македонскиот агро бизнис има голем потенцијал, но за искористување на истиот потребно е постојано вложување во модернизација, иновации и знаење. Ова е главниот заклучок од денешниот Агро Бизнис Форум, на кој присуствуваа над 200 претприемачи од агро бизнисот во Македонија, а беше во организација на ПроКредит Банка.
Настанот ги обедини сите клучни институции и организации во агро бизнис секторот. Присуствуваа Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Михаил Цветков, клучните лица на мисијата на УСАИД за развој на агро бизнисот, претавник на една од најголемите земјоделски кооперативи од Србија и бројни успешни македонски компании од агро бизнисот.
Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Михаил Цветков ја поздрави иницијативата на ПроКредит за и порача дека банките и Минситерството треба да работат заедно.
‘’Очекуваме дека Земјоделскиот Гарантен фонд, програмите за развој како ИПАРД 1 и ИПАРД 2 и поволностите за здружување во кооперативи ќе значат можност за окрупнување на македонските земјоделци, ќе придонесат за поинтензивна ивестициска активност за модернизација и развој на домашното производство.’’изјави Г-дин Цветков.
Присутните потврдија дека им недостасуваат форми и начини на вмрежување, пристап до информации за нови технологии и форми на производство, практични искуства од кои може побрзо да се имплементираат иновации.
