Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Европската Централна банка и требаат жени

На Европската Централна банка и требаат жени
Европскиот Парламент  ја отфрли кандидатурата на гувернерот на Централната банка на Луксембург Ив Мерш, за член на бордот на директори на Европската Централна Банка (ЕЦБ), поради недостаток од жени во составот на управниот одбор. Против назначувањето на Мерш за функцијата гласале 325 европратеници, 300 го поддржале, а 49 биле воздржани. Неколку европратеници месецов го критикуваа претседателот на ЕЦБ Марио Драги, за дискриминацијата на полова основа. Претставничката на британската Либерал-демократска партија и претседател на Комисијата за економски и монетарни прашања во Европскиот парламент Шерон Баулс,  се пожали дека претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј не ветува дека ќе направи нешто околу тоа. "Тој не вети ништо, за назначување на жени во одборот на директори на ЕЦБ во иднина. Европските институции мора да бидат водечки пример во оваа насока ", посочи Баулс. Во моментов во 6-члениот борд на директори, 23-члениот управен одбор и 29-члениот заеднички совет на ЕЦБ,  нема ниту една жена. Првиот ги решава тековните прашања, вториот ја  одредува политиката на финансиска институција, а во третиот заседаваат гувернерите на централните банки на земјите-членки на ЕУ. Неодамна, Европската комисија се откажа од плановите за воведување на квоти за учество на жените во бордовите на директори на компаниите во земјите -членки на Унијата.    
Слично

Поврзани вести