Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА АКЦИЈАТА „НАХРАНИ 10.000“ СОБРАНИ 6,8 ТОНИ ХРАНА - ќе ја добијат социјално загрозените семејства

НА АКЦИЈАТА „НАХРАНИ 10.000“ СОБРАНИ 6,8 ТОНИ ХРАНА - ќе ја добијат социјално загрозените семејства

Одлично заврши акцијата „Нахрани 10.000“.
Како што информираат од Ајде Македонија, на акцијата „Нахрани 10.000“ која се одржи на 21 Мај, се собрале 6.800 килограми храна. 

„Акцијата беше одржана по седми пат и учествуваа 11 организации. На оваа акција имавме пунктови во 5 градови (Скопје, Битола, Струмица, Неготино и Виница ) на 18 локации“, велат организаторите.

Инаку, собраната храна ќе биде поделена на социјално загрозените семејства.

Од Ајде Македонија им се заблагодаруваат на сите што учествувале во оваа акција!

Активностите на Ајде Македонија се подржани од Civica Mobilitas како дел од проектот „Одржлива мрежа за спасување на храна“.

Слично

Поврзани вести