Економија, финансии, бизнис

Контакт

На 15 студенти од техничките факултети „Дрекслермаер Македонија“ ќе им додели стипендии

На 15 студенти од техничките факултети „Дрекслермаер Македонија“ ќе им додели стипендии

Стипендии на 15 студенти од техничките факултети ќе додели компанијата „Дрекслермаер Македонија“. Основен услов за добивање на стипендијата е студентите да имаат завршено прв семестар, а дополнителните критериуми за избор ќе бидат објавани во конкурсот кој ќе биде објавен наскоро.

„Првпат една странска компанија се одлучува и обврзува да стипендира студенти“ – рече министерот за образование Спиро Ристовски, кој смета дека овој потег на компанијата е вистински придонес кон развој на образованието и создавањето кадри според потребите на пазарот на работна сила.

Министерот за странски инвестиции Веле Самак, пак, смета дека одлуката за стипендирање на студенти на странската компанија е индиректен ефект од привлекувањето странски инвестиции.

„Една од директните придобивки од влезот на странски инвестиции е отворањето нови работни места. „Дрекслермаер“ веќе има вработено 1.000, а планира во наредните 1,5 година да достигне до целосната планирана бројка од 4.000 вработени“ рече Самак.

Меморандумот за соработка го потпишаа ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претставникот на „Дракслермаер Македонија“, Ѓорѓи Тренкоски.

Слично

Поврзани вести