МЗСШВ: Со субвенциите се стабилизира откупот на грозје
Министерот за земјоделство Михаил Цветков посочи дека надминати се проблемите со откупот на грозје со интервентната мерка за субвенции на винариите кои ќе го преземат сортното грозје. Тие ќе добиваат по 3 денари од килограм за вранец за колични кои се поголеми од 60% во однос на лани, но не повеќе од 130%.

Со оваа мерка се стимулира откупот на винското грозје во ситуација кога, како што кажаа винариите, на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји, соопштија од МЗСШВ.
Цветков му контрираше на неговиот заменик Николовски посочувајќи дека СДСМ се грижи за лозарите само кога е во опозиција бидејќи никогаш кога биле на власт не вовеле интервентен откуп на грозјето иако имало многу кризи.
