„My Story“ од Wine Cellar Popovi освои титула за најдобро црвено вино во Германија
„За најдобро црвено вино (Best of Show) на натпреварот Mundus Vini 2026 во Германија е прогласено виното „My Story“ на Wine Cellar Popovi“.
Во конкуренција од над 6000 вина од целиот свет и 150 врвни вински експерти кои ги оценуваа вината на натпреварот Mundus Vini во Германија, за најдобро црвено вино од Македонија – BEST OF SHOW е прогласено виното „My Story“ од винската визба Wine Cellar Popovi.

Македонија има одлична географска положба за производство на црвени вина. Овде секоја винарија се гордее со своите црвени вина. Конкуренцијата е огромна и само нијанси одлучуваат за победникот. Оваа година, вино со вистински карактер – во кое грижливо се споени Вранец, Каберне Совињон и Мерло, зреење во барик буриња 12 месеци – ја доби најпрестижната награда за една држава. Таа чест му припадна на виното „My Story“ на Wine Cellar Popovi.
Грижливата работа, посветеноста и континуираната едукација на сопствениците Весна и Гоце се правецот во кој оваа мала винарија од срцето на Тиквешкиот регион се развива во вистинска насока.
ПР објава
