МВР преку видео со апел до граѓаните да пријават ако биле ограбени од овие крадци
За серија тешки кражби од две викенд куќи се осомничени двајца жители на Катланово. Кражбите ги извршиле од средината на октомври минатата година до почетокот на март годинава на подрачје на Гази Баба, во атарот на село Катланово и тоа осум на место викано „Стари Лозја“ и една на место викано „Фазанерија“.
МВР упати апел до сите граѓани кои во овој период биле жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје.
http://www.youtube.com/watch?v=idBuODg-jBk#t=24
Слично
