Економија, финансии, бизнис

Контакт

Музејот на македонската борба го прослави вториот роденден

Музејот на македонската борба го прослави вториот роденден
Музејот на македонската борба денеска одбележа две години од своето постоење. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, посочи дека заложбите на Владата за изградба на еден ваков музејски комплекс, ги потврди сите верувања дека Музејот ќе прерасне во една огромна туристичка атракција. По повод одбележувањето на вториот роденден на Музејот, беа доделени плакети и парична награда за најдобрите музејски работници и благодарница за најдобар надворешен соработник на Музејот. Музејот е посетен од над 100.000 посетители од повеќе од 50 држави од сите континенти. Во јуни, јули и август годинава 33 отсто од гостите што го посетиле Музејот се индивидуални странски туристи. Во Музејот на македонската борба претставени се 109 восочни фигури, 69 уметнички слики-масовни сцени и 17 портрети. Збирката на оргинални предмети брои 1.187 експонати.
Слично

Поврзани вести