Економија, финансии, бизнис

Контакт

Му даваат плата за да скока по душек !

Му даваат плата за да скока по душек !

Американецот Рубен Рејнозо работи во фабрика за рачно изработени душеци во Сан Франциско. Во описот на неговото работно место, стои дека треба да скока на три душека дневно, бидејќи само така памукот можел вистински да се компресира, нешто што не може да го стори ниту една машина.

„Ова не е игра, процесот на скокање не е лесен иако можеби така ви се изгледа. Ако премалку скокате по душеците нема да ги собере во машината  за последната фаза на обработка, а доколу премногу скокате, памукот ќе биде премногу компресиран“, тврди Рубен. Иако е свесен дека има работа од соништата, сепак посочува дека и неговата работа не е за секого, бидејќи како што вели постои вистински и погрешен начин на кој тоа можете да се работи.

Спиењето на рачно направениот душек по кој скока професионалниот скокач не е евтино. Еден таков душек чини околу 3000 американски долари.

Слично

Поврзани вести