Мрежата на филијали и експозитури на банките и штедилниците останува отворена за граѓаните и правните лица
Македонската банкарска асоцијација и сите нејзини членки редовно ги следат заклучоците, мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за справување со заканата од вирусот COVID 19 (корона вирус).
„Уште еднаш би сакале да ја известиме целата јавност дека и во најновите околности, сите наши членки – банките, штедилниците, Клириншката куќаКИБС и Македонското кредитно биро продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица“, додаваат оттаму.
Притоа, ја информираат јавноста дека мрежата на филијали и експозитури на банките и штедилниците останува отворена за граѓаните и правните лица.
Слично
