Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мразот уништи лозја и овошки низ Македонија

Мразот уништи лозја и овошки низ Македонија

Пролетниот мраз доведе до големи штети на лозјата и овошките во кочанско. 

Комисиите за проценка на штетите на земјоделските култури во општината веќе втор ден се на терен за да направат увид на штетите. 

Раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јордан Димитров  изјави дека земјоделците и од кочанско, како и од општините Зрновци и Чешиново Облешево имаат претрпено големи штети.

Тој кажа дека земјоделците штетите од мразот можат да ги пријавуваат до 15 мај, по што ќе се знае целосно претрпената штета по насади и површина. Потребно е да се достават пријави, трансакциска смета, имотен лист или договор за закуп.

„Од мразот штети претрпеа и  вишните,  сливите, јаболките, крушите, смоквите и калинките. Земјоделците од кочанскиот регион масовно пријавуваат штети во нашата подрачна единица“ - вели Димитров.

Слична е состојбата во пробиштипско, битолско, охридско. 

Се проценува дека во околината на Пробиштип штетата е 2 милиони евра. 

Медиумите од соседството пишуваа дека поради измрзнувањето на овошките, можно е овошјето да поскапе летово. 

Слично

Поврзани вести