Економија, финансии, бизнис

Контакт

Можна ли е експанзија на малите бизниси?

Можна ли е експанзија на малите бизниси?

Министерот за економија Ваљон Сараќини  денеска го отвори Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој официјално беше промовиран во Полошкиот регион.

- Проектот за експанзија на малите бизниси има за цел да соработува со приватниот сектор и иинституциите на локалната власт за зголемување на регионалниот и економскиот развој, фокусирајќи се на земјоделството, руралниот туризам и градежништвото со што ќе се придонесе за развој на целокупната национална економија, истакна министерот Сараќини.

Малите и средните претпријатија се клучни за економскиот развој на Република Македонија, со учество над 99 проценти во вкупниот број на претпријатија, со што се докажуваат за важни креатори на општествениот производ во целина, незамерувајќи го и фактот дека 78 проценти од вработените се ангажирани во секторот на мали и средни претпријатија.

Слично

Поврзани вести