Можев да загинам,Бреговиќ ме спречи: Сведоштво на Јанковска која планираше да замине со автобусот кој се преврте кај Лесковац
Пејачката Васка Јанковска требала да биде дел од патниците во автобусот кој изминатиов викенд тргна од Прилеп накај Виена, а на патот Лесковац-Ниш излета од патот, при што три лица загинаа, а 32 се повредени. Внатрешно претчувство вели таа, и нејзиниот догогодишен пријател и соработник Горан Бреговиќ ја натерале да не се качи во автобусот.
Јанковска ја испеа легендарната песна „Ерделези“, која ја напиша Бреговиќ, насловната тема од филмот „Дом за бесење“ на Емир Кустурица, и долги години беше дел од бендот на Бреговиќ, како придружен вокал. Викендов, Васка требаше да замине на неговиот концерт во Белград, во „Штарк Арената“.
„ Долго време се немавме слушнато со Горан, и кога му се јавив се расплакав од среќа. Му реков дека сакам да дојдам во Белград на концерт, но се мислам дали да тргнам по ладното време. „Седи си дома, што ќе доаѓаш по ова невреме и снегови? На 22 март ќе имам концерт во Скопје, тогаш ќе се видиме“, ми рече Горан“, ни раскажа пејачката.
Целиот текст читајте го на ЖЕНСКИ МАГАЗИН, ТУКА.