Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може да се почне со плитко орање во поплавените места

Може да се почне со плитко орање во поплавените места

Може да се почне со плитко орање во поплавените подрачја во скопско.

Од Здружението за земјоделска техника информираат дека може да почне обработката на почвата во поплавените подрачја во околината на Скопје.

На вчерашниот состанок  е констатирано дека се создадени услови за влегување на механизацијата во нивите, почнување со обработка и подготовка за новата реколта 2016-2017 година.

Се препорачува да се почне со плитко орање на површина на длабочина најмногу до 15 сантиметри, со што ораничниот слој подобро ќе се исуши, ќе дојде до мешање на почвените слоеви со наносот на земја, како и забрзување на ферментација на органските материи во ораничниот слој. Така ораничниот слој ќе добие подобра структура, а со обработката ќе се подобри водно-воздушниот режим, како и грубо порамнување на одредени парцели на кои е настаната ерозија. За два-три дена може да се изврши и длабоко орање на онаа длабочина за што е наменета земјоделската површина. 

Поплавените подрачја би требало почесто да ги посетуваат стручни лица додека состојбата не се стабилизира. 


Слично

Поврзани вести