Економија, финансии, бизнис

Контакт

Може да имате се, и пак да сте несреќни: Ова се состојки кои ќе ве однесат до патот на успехот!

Може да имате се, и пак да сте несреќни: Ова се состојки кои ќе ве однесат до патот на успехот!

Во животот барометарoт за успех е многу едноставен. Или сте среќни или не сте. Перцепцијата за личен успех може да биде во многу форми, но наведената вистина е секогаш тука.

Надворешната перспектива може погрешно да ја толкува реалноста на нашите искуства. Луѓето гледаат само што имаме или што правиме, а ретко гледаат кои сме ние навистина. Тие прават предрасуди врз основа на нашиот успех, а не заклучоци врз основа на нашето искуство и посветеност.

-Дали сте сопственик или изнајмувате куќа?

– Дали сте во брак?

– Дали имате ли деца?

-Дали имате добра работа?

-Дали сте богати?

-Дали сте високо образовани?

-Дали сте моќни?

– Дали често одите на одмор?

– Дали луѓето ве почитуваат?

-Дали има многу луѓе кои се грижат за вас?

Значи, колку повеќе толку подобро. Колку повеќе имаме, толку повеќе луѓето ни се восхитуваат. Луѓето го гледаат само најмалиот дел од еден комплексен спој што ние го нарекуваме наша личност, за жал, делот којшто е видлив е исклучиво материјален.

Доколку брзате да штиклирате сé од горенаведеното ќе ја пропуштите смислата на животот. Можете да имате сé од наведеното и сепак да се чувствувате несреќни,но може да се случи да немате ништо од тоа, а сепак да сте совршено среќни.

Состојките се многу едноставни и очигледни. Без среќа нема успех. Страста и целта се патиштата кон успехот и среќата, што можат најмногу да ве исполнат. Ако ги следите работите до коишто најмногу ви е грижа, а коишто истовремено се и вашата самоафирмација, прогресија и карактер, ги имате сите елементи потребни за успех. Трошењето на вашиот најскапоцен ресурс – времето, правејќи го она што го сакате, можеби со луѓето коишто ви се важни, не може да биде изгубено.

Тешко е да се открие и да се признае кои се овие работи. Некои луѓе имаат луда среќни да во најраната возраст ги запознаат овие луѓе или пак знаат по кој пат да тргнат. Сепак, на повеќето од нас ни е потребен добар дел од животот, за да се пронајдеме. Освен што ги знаеме состојките, рецептот, за жал, не постои. Мората да го направите сами, тој зависи од вас.

Ако не сте задоволни во сопствената кожа ништо друго не може да ви помогне. Ако не знаете да се сакате себеси, ниту другите не можат да ве сакаат. Нивните очекувања треба да ги ставите настрана и да ја живеете вашата среќа. Ова е клучот за успехот. Среќата се наоѓа на другата страна на општествените очекувања. Доколку не им штетите на другите правете го она што ве прави среќни, дури и ако не наидувате на разбирање.

Бидете неплашливи, храбри и среќни. Ова се навистина добри состојки.

Слично

Поврзани вести