Економија, финансии, бизнис

Контакт

Motorola го откри новиот Moto G телефон

Motorola го откри новиот Moto G телефон

Заедно со ажурираниот модел Moto X смартфон, Motorola денеска го претстави и новиот  Moto G телефон. Истото име останува бидејќи се работи за ажурирани верзии. Новиот  Moto G ја има и истата малопродажна цена од 180 долари, а наскоро ќе се најде во продавниците. Ќе се одликува со 5-инчен  720p HD IPS екран со  Corning Gorilla Glass заштита а тука е и  Android 4.4 KitKat платформата која ќе биде ажурирана на Android Lведнаш што злезе.

Што се однесува до хардверот, новиот  Moto G има Qualcomm Snapdragon 400 чипсет со 1,2 GHz quad-core процесор и  Adreno 305 GPU,  1 GB RAM и 8 или 16 GB интерна меморија со простор за  microSD картичка, камера од 8 мегапиксели како и неотстранлива батерија од 2070mAh.

Како што може да забележите, се работи за мало подобрување во однос на оригиналната верзија.

Слично

Поврзани вести