Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мотива ги кани менаџерите за учество во проектот „Топ менаџмент“

Мотива ги кани менаџерите за учество во проектот „Топ менаџмент“
Мотива ги поканува менаџерите од малите и средни компании да земат учество во „Топ менаџмент“ , проектот на Владата на Република Македонија. „Топ менаџмент“ е проект што ќе овозможи домашните менаџери да се здобијат со модерни вештини и знаења за управување со своите компании. Проектот е финансиран од Влада на Република Македонија - Генерален Секретаријат. Спроведувањето на проектот директно ќе придонесе за подобрување на конкурентноста на компаниите и развој на македонската економија. Проектот опфаќа: Теоретска обука на менаџерите за запознавање со најновите концепти на менаџментот која ќе се одвива во Скопје во времетраење од 4 недели 3 пати неделно во попладневните часови. Обуката ќе ја спроведат искусни домашни предавачи со видео презентации, гости предавачи, менаџмент игри, квизови и тестови. Теми на обуката се: - Комуникациски вештини за менаџери - Унапредување на презентациски вештини и комуникација со странски деловни партнери - Развој и водење на ефикасни тимови - Финансиски менаџмент - Стратегиски менаџмент и деловни преговори - Управување со промени - Претприемништво, развој на мали и средни претпријатија и изработка на бизнис план - Извозен маркетинг - Стратешко управување со човечки ресурси - Управување со квалитет и највисок модел на бизнис - Деловна етика и лидерство За учество во проектот „Топ менаџмент“, менаџерите треба да ги исполнуваат следните критериуми: • Да работат во мали и средни претпријатија кои имаат потенцијал за извоз (извозно ориентирани) • Да имаат активно познавање на англискиот јазик или друг странски јазик • Менаџерите ќе треба да партиципираат со 3.799,00 денари (со вклучен 18% ДДВ), што претставува 30% од вкупните трошоци за обуката  (останатите 70% од трошоците ги покрива Владата на Република Македонија). На менаџерите кои успешно ќе ја поминат обуката, ќе им биде доделен сертификат. Селекцијата ќе се врши преку тестирања и интервјуа на кандидатите. Сите заинтересирани кандидати, информациите во врска со проектот може да ги добијат во Мотива на тел 02/ 3061 834 и 070 358 680 или по email: motiva@mt.net.mk  
Слично

Поврзани вести