Економија, финансии, бизнис

Контакт

Москва ја зајакнува војската – нов план за одбрана на Русија

Москва ја зајакнува војската – нов план за одбрана на Русија
Руското министерство за одбрана ќе состави нов план во периодот од 2016 до 2020 година според кој ќе се зајакне одбраната на земјата, изјави денес рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу. „Мора да составиме нов план за одбрана на Руската Федерација во периодот од 2016 до 2020 година и да обезбедиме правовремено издавање и задолжително исполнување  на државните одбрамбени наредби во 2015 година во врска со современите модели на вооружување и воената опрема“, нагласил Шојгу. Тој додал дека руската војска оваа година ќе добие околу 700 нови оклопни возила и околу 1.500 останати возила, 126 авиони, 88 хеликоптери и два ракетни системи „Искендер – М“. Истовремено морнарицата ќе добие две нови подморници и пет борбени бродови, пренесува агенцијата „Итар – Тас“. Во сибирската област Јенисејск за време на оваа година ќе биде поставена радарска станица „Вороњеж – ДМ“, а уште една таква станица ќе отпочне со работа во Бараул, во регионот Алтај. Двете станици ќе бидат активирани пред планираниот рок, нагласил Шојгу.    
Слично

Поврзани вести