Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОРА ДА СЕ ЗАРАБОТИ: Фејсбук воведува нова промена која можеби нема да ви се допадне!

МОРА ДА СЕ ЗАРАБОТИ: Фејсбук воведува нова промена која можеби нема да ви се допадне!

Компанијата Фејсбук планира да оствари дополнителна заработка вклучувајќи реклами во својата видео-содржина.

Корисниците на Фејсбук секојдневно поминуваат 100 милиони часа гледајќи видео содржини, а на оваа социјална мрежа во рамки на видео снимки во иднина ќе гледаме и реклами. Компанијата планира воведување на нов “mid-roll” формат кој на огласувачите им овозможува вметнување на реклами во видео-снимките кои корисниците ги гледаат најмалку 20 секунди.

Првиот човек на најголемата светска социјална мрежа Марк Цукенберг наведува дека нема да бидат воведе реклами кои ќе почнуваат пред покренувањето на видео-снимките. 

Фејсбук засега на огласувачите им дава 55 отсто од заработката, што е ист процент кој го нуди и Јутјуб, кој е прв на полето огласување во рамки на видео содржина.

Слично

Поврзани вести