Економија, финансии, бизнис

Контакт

Молдавија отвори свој конзулат во Струмица

Молдавија отвори свој конзулат во Струмица
Вчера во Струмица беше свечено отворен првиот конзулатот на Република Молдавија во Македонија. „Ја одбравме Струмица за место на првото наше конзуларно претставништво од причина што веќе постојат одредени врски на пријателство и соработка. Струмичкиот регион, како и нашата држава Молдавија им дава предност на аграрот, градинарството и овоштарството. Со отворањето на конзулатот ќе ја зацврстиме и унапредиме соработката како на полето на трговијата, така и во областа на транспортот и инвестициите“, изјави за време на свеченоста Александру Пригорски, амбасадор на Молдавија за Македонија, Бугарија и Албанија, инаку со седиште во Софија. За прв конзул во земјава беше поставен струмичанецот Дарко Арсов, а наскоро Молдавија планира да отвори конзуларно претставништво и во Скопје.
Слично

Поврзани вести