Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мој термин“ има креирано над 1 милион упати за 2015

„Мој термин“ има креирано над 1 милион упати за 2015

Вкупно 1.313.000 упати се креирани  од почетокот на 2015 година досега покажуваат податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството – „Мој Термин“.

Околу 670.000 упати, односно повеќе од половина од вкупниот број креирани упати се специјалистички, додека останатите се: 301.000 лабораториски упати, 120.000 упати за радиодијагностика, 115.000 интерспецијалистички упати, како и упати за микробиологија, болнички упати, упати за операција, конзилијарно мислење, нуклеарна медицина, и хемодијализа.

Според податоците од системот „Мој Термин“, најголем број пациенти од почетокот на годинава се упатени кон интерна медицина, офталмологија и микробиологија.

Слично

Поврзани вести