Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Мој Буџет” ефикасна и корисна онлајн алатка за планирање на своите средства

“Мој Буџет” ефикасна и корисна онлајн алатка за планирање на своите средства

Најдобар начин да ја осигурате иднината е ако ефикасно управувате со финансиите. Честопати се наоѓате во ситуација кога треба да смислите како да си ги дозволите сите работи кои ви се потребни за себе или за семејството.

Да ги платите сите сметки, да заштедите за одмор, и пак да останат средства “за не дај боже” и да имате заштеда за во иднина.

Секако сето ова не е лесно,иако посакувате да заштедите и да  заработите дополнително  додека ги балансирате обврските, во денови полни со предизвици.

Поради оваа причина важно е да посветите малку време да ги истражите опциите и начините кои ќе ви овозможат најдобро да се грижите за средствата, со поглед и план за иднината. А секако, тука е и изборот на вистинската банка како ваш партнер.

Идеалната банка дава приоритет на финансиската едукација и е постојано тука за вас.  Важно е да знаете како да ги користите банкарските услуги, како да го менаџирате долгорочното финансиско планирање.

https://www.youtube.com/watch?v=IFxckRNYUn4

УНИБанка нуди персонализирани консултации кои гарантираат чувство на сигурност при донесувањето на информирани финансиски одлуки за себе и за семејството.

За таа цел за сите кои си поставуваат цели во животот, кои сакаат да ги планираат работите, УНИБанка ја надградимобилната апликација со  алатката “Мој Буџет” со цел да се добие еден вид на личен советник, консултант.

Преку алатката “Мој Буџет” можете онлајн преку апликацијата да го следите и планирате трошењето на своите средства, а воедно и заштедата на личните средства. Алатката е едноставна за користење и многу функционална.

Треба само да се креира месечен буџетсо поделба на трошоците по различни категории (храна, шопинг, режиски трошоци, спортски активности), да си поставите цели за штедење и потоа го следите трошењето по категории, примач, земја и добивате графички приказ на истите. На крај добивате нотификација и колку ви е преостанатиот вкупен буџет, но и во различни категории.Добивате и неделен извештај за трошоците, и колку процентуално од буџетот сте потрошиле.

Времето е скапоцено. Да се има апликација која е сигурен придружник и преку неа лесно да се управува со финансиите без вложување на дополнителен напор е навистина големо олеснување.

ПР објава

Слично

Поврзани вести