Економија, финансии, бизнис

Контакт

MODERN NATURE – Кампања на BITSIANI за есен/зима ’15 која ја спојува модата и структурата на природата

MODERN NATURE – Кампања на BITSIANI за есен/зима ’15 која ја спојува модата и структурата на природата

Новата кампања на Bitsiani насловена како MODERN NATUREза сезона есен-зима 2015 претставува спој на модата и текстурата на природата. Сликана на Кањон Матка од дуото фотографи – Ани&Дими, кои заедно со моделот Андреј Клинчаров и Маја Саздановска која беше задолжена за шминка и фризура, ја пренесоа колекцијатана друго ниво, притоа совршено отсликувајќи ги модните парчиња и убавините на кањонот.

[gallery columns="4" ids="183031,183030,183029,183028"]

Темата на кампањата е резултат на игра со зборови каде што  Mother Natureе претопено во Modern Nature, со што директно се претставува она што колекцијата сака да го пренесе – отскокнување во комбинирањето на модните парчиња и живописноста на природата.

Локацијата Кањон Матка, придонесува за истакнување на облеката и чевлите, давајќи дополнителна структура на целосната слика.

[gallery columns="4" ids="183027,183026,183025,183024"]

Колекцијата есен-зима ‘15 на Bitsiani се одликува со кошули со подолг крој, во различни бои и шари. Класични одела во повеќе нијанси, кои можат да се комбинираат со несекојдневните дезени на модните додатоци – марамчиња и вратоврска-пеперушка со интересни шари, тенки плетени вратоврски со зимски мотиви итн. Дворедни џемпери, јакни и капути во темни бои, а изборот на чевли варира од класични свечени обувки, до познатите Оксфордки или пакЧелзи чизми до глуж од превртена кожа.

[gallery columns="4" ids="183023,183022,183021,183020"]

Bitsiani е првиотбрендкој Fashion Group говклучувавосвоетопортфолиово 1995 година. Инаку е основан во 1986 година од страна на дизајнерот Aristotelis Bitsiani, кој гради лидерска позиција на грчкиот пазар и истовремено станува синоним за бренд кој произведува квалитетна облека за модерни европски мажи.

[gallery ids="183019,183018,183017"]

Продавниците на Bitsiani може да ги најдете во Т.Ц. Соравиa и во Скопје Сити Мол

Слично

Поврзани вести