Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОДЕФ – Срцето на турскиот сектор за мебел

МОДЕФ – Срцето на турскиот сектор за мебел
Од 4 до 9 ноември, градот Инегол во Турција ќе биде домаќин на еден од најголемите саеми за мебел на Балканот. Повеќе од 150 компании кои произведуваат мебел, како од Турција, но така и од странство, ќе ги изложат своите производи. На саемот, ќе може да се видат како модерни, класични гарнитури, но и антика. Во фокусот најмногу се спалните и дневните соби, како и детските и собите посебно наменети за мали бебиња. Модеф Експо ќе биде посебно интересен за сите кои сакаат да купат квалитетен мебел, за исклучително ниска и прифатлива цена. Компаниите во Инегол ресурсите за производство ги земаат од локалните шуми, па поради тоа производството е поевтино, а со тоа и цената. Во исто време, квалитетот е на високо ниво. Индустријата за мебел во Турција во последните години е во забрзан развој. Од вкупното производство, околу 25 отсто се извезува во странство. Во Инегол се сместени повеќе од 260 фабрики и 1.500 производствени центри, со што градот е најголем производител за мебел во Турција. Минатата година, на саемот присуствуваа околу 20.000 посетители, од вкупно 48 земји во светот. Оваа година, се очекуваат посетители и изложувачи од Бугарија, Босна и Херцеговина, Ирак, Иран, Афганистан, Египет, Азербејџан, Русија, Украина, Либија, Јордан, Тунис, Саудиска Арабија, Палестина, Кувајт и многу други. Сите кои сакаат да се информираат за програмата, тоа можат да го направат на линкот (http://www.modef.com.tr/expo/en/alt-sayfalar/raporlar/fair_report_2012_expo.pdf). Некои од организациите кои го промовираат овој саем се и Светскиот трговски центар во Дубаи и организацијата за саеми во Хановер, Германија. Организаторот на саемот, АнтЕкспо, очекува уште поголем успех оваа година, а на компаниите кои ќе го посетат, им ветува дека ќе успеат уште подобро да ја развијат својата стратегија за производство на мебел.
Слично

Поврзани вести