Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мобилната телефонија на Македонски Телеком во погодените подрачја функционира

Мобилната телефонија на Македонски Телеком во погодените подрачја функционира

 Македонски Телеком ги известува  корисниците дека во регионите погодени од невремето, мобилната телефонија веќе функционира.

Екипите се постојано на терен и сеуште се работи на фиксните сервиси во Стајковци, заради недостапноста на теренот. Овие сервиси за дел од корисниците во Црешово се веќе функционални.

За да можат жителите да ги полнат мобилните телефони при недостиг на електрична енергија оваа компанија постави мобилни агрегати во Стајковци.

Во моментов, низ цела Македонија има голем број на отворени пречки поради кои афектираните корисници не се во можност да ги добијат нашите услуги, иако нивни екипи се постојано на терен станува збор за вонредна ситуација и потребно е подолго време. Корисниците кои имаат оштетена опрема можат сами да ја сменат во најблискиот Телеком Центар.

Заради оштетената инфраструктура од невремето и зголемениот број на повици и времето на чекање во Контакт центарот е зголемено. Се молат корисниците да пријавуваат пречки и на маил адресата: kontakt@telekom.mk.

При појава на нови временски непогоди, односно во услови на големи електрични празнења и грмотевици, од Македонски телеком ги повикуват корисниците да ја исклучуваат опремата од струја, за да се спречат евентуални оштетувања.

Слично

Поврзани вести