Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНТ ќе стане мултифункционален, проектот за изградба на новата зграда чини 460 илјади евра

МНТ ќе стане мултифункционален, проектот за изградба на новата зграда чини 460 илјади евра
Министерството за култура и плати 460 илјади евра на фирмата Монтимпекс Инженеринг само за да го изработи основниот проект за изградба на нова зграда на МНТ-Театар Центар. Договорот вклучува архитектонски, инженерски и услуги за просторно планирање, како и услуги за технички испитувања и анализа. Идејата за изградба на нова зграда на МНТ датира уште од 2008 година кога беше најавено дека ќе се гради и нова зграда за Драмскиот театар во Карпош. Според тогашните најави, двата објекти требаше да обезбедат поголеми површини наменети за комерцијални и деловни содржини. Според идејното решение изработено од архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља, МНТ ќе биде сместен во комплексен мултифункционален објект со повеќе содржини, меѓу кои и канцеларии за активности од областа на културата и образованието, студентско домување и деловен простор. Театарот, во рамките на новиот објект, ќе има две сцени- главна, со капацитет од 500 гледачи и мала сцена, која ќе може да прими 120 гледачи. Максималната висина на објектот е 35 метри.
Слично

Поврзани вести