Економија, финансии, бизнис

Контакт

Млекарите со трактори го блокираа Брисел

Млекарите со трактори го блокираа Брисел

Стотина производители на млеко од неколку земји на ЕУ денеска со трактори го блокираа плоштадот Шуман во Брисел, за да протестираат против ниските цени на млечните производи.

Производителите на млеко од Белгија, Холандија, Германија и Франција во рамки на акцијата „1.000 трактори“ го затворија приодот кон европските институции, а планираат и движење на штрајкувачката колона низ центарот на градот.

Градските власти на Брисел ги предупредија граѓаните денеска да не користат автомобили, бидејќи сообраќајот ќе биде блокиран поради протестите.

Слично

Поврзани вести