Економија, финансии, бизнис

Контакт

Младите земјоделци да аплицираат за грантови од 10.000 евра

Младите земјоделци да аплицираат за грантови од 10.000 евра

Земјоделците кои сакаат да основаат фирма, да закупат земја или да го модернизираат веќе постоечкото производство можат да конкурираат за неповратна помош од 10 000 евра.

Исплатата ќе се врши едногодишно, двогодишно или тригодишно, соодведно на барањата на фармерот. Неповратната помош се доделува и на оние кои планираат да започнат бизнис и на оние кои веќе имаат, а сакаат да го развијат.  Можат да аплицираат граѓани на возраст од 18 до 40 години, носители на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и кои ги исполнува условите од програмата за рурален развој. Државата за оваа намена има предвидено да потроши 1.1 милиони евра.

Списокот на млади земјоделци кои ќе добијат грант ќе биде објавен следниот месец.

Слично

Поврзани вести