МЛАДИ УЧЕТЕ ОД СТАРИТЕ: Најдобите совети некогаш дадени од 60-годишници-Што порачуваат?
Овие совети 60-годишници им ги даваат на помладите од нив, па ако имате помалку од 60 години, имате уште време да ги примените.
1. Луѓето често велат дека својата работа мора да ја сакате. Не, не морате. Вистинската работа е онаа која понекогаш ја сакате, која добро ја поднесувате, и која ви овозможува да ги платите сметките на крајот на месецот.
2. Животот поминува брзо. Не влегувајте во брак премногу млади. Живејте го животот. Спакувајте се и одете на одмор кој можете да си го дозволите.
3. Не сфаќајте го животот премногу сериозно. Кога мислите дека е толку лошо, што полошо не може да биде, обидете се да се смеете. Животот, всушност, е смешен.
4. Вистинскиот пријател ќе дотрча и ако го повикате во два наутро. Сите останати се само познаници.
5. Најважната личност во вашиот живот е онаа која одлучила да го помине својот живот со вас.
6. Децата пребрзо растат. Поминувајте што повеќе време со нив.
7. Никој на смртта не жали затоа што работел премалку.
8. Можеби ќе живеете долг живот, можеби краток. Но, сепак, верувајте-ќе зажалите ако не се грижите за себе во младоста.
9. Ако животот во еден миг ве сруши, побарајте го најдоброто нешто што го имате во животот, и фокусирајте се на тоа.
10. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар, па така никогаш нема да станете дијбетичар.
11. Еднаш се живее. Немојте да се разбудите како 60 годишник и да сфатите дека не сте оствариле ниту еден свој сон.
12. Чистете ги забите со конец.
13. Не слушајте ги безусловно советите на луѓето околу вас. Барајте совет од некој на кој му верувате, но на крај сами одлучете.
14. Материјалното е само материјално. Искуствата се паметат, нештата поминуваат.
15. Зглобовите повредени во младоста се осветуваат во староста.
16. Ценете ги малите работи и моменти. Повикајте ја својата мајка или некој кој одамна не сте го слушнале.
17. Плаќајте ги сметките на време и стојте подалеку од долгови и кредити.
18. Љубомората ја уништува врската. Верувајте си еден на друг.
19. Ако имате некој неверојатен сон за тоа што или кој сакате да станете, немојте да се откажувате прерано. Обидете се.
20. Кога сретнете некој за прв пат, треба да сфатите дека, иако ја воочувате бојата на кожа, облека и години, не знаете ништо повеќе за личноста која ја среќавате за прв пат.
