МЛАДИ, БОГАТИ И СЛАВНИ: Форбс ја стокми листата, Ѓоковиќ на завидна позиција!
Тејлор Свифт заработила 170 милиони долари минатата година и така се искачила на самиот врв на листата на магазинот Форбс која ја сочинуваат 30 најбогати славни личности помлади од 30 години.
Таа заработила импресивни 60 милиони долари повеќе од второпласираниот четиричлен бенд Оne Direction. Најблиз ривал на пеачката од поединците на листата е фудбалерот Лајонел Меси, кој со заработка од 81,5 милиони долари се наоѓа на трето место.
Иако на листата се наоѓаат само четири жени, три се најдоа во првите пет-Адел заработила 80,5 милиони, а Рајана 75 милиони.
Џенифер Лоренс, единствената актерка на листата и најплатена во Холивуд се наоѓа на 12 позоција со ланска заработка од 46 милиони.
Најмладиот на листата, Џастин Бибер, се наоѓа на шесто место (56 милиони долари) и ја дели позицијата со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој лани инкасирал ист износ пари.
Кошаркарот Кевин Дурант е на осмо место, пеачот од бендот Викенд на девето место (55 милиони) а голферот Џордан Спит на 10.
