Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИСТЕРИОЗНИ ПЛАНЕТИ: За нив не знаеме ништо, а нивните тајни би можеле да не шокираат!

МИСТЕРИОЗНИ ПЛАНЕТИ: За нив не знаеме ништо, а нивните тајни би можеле да не шокираат!

Иако е далеку од реалноста, НАСА развива сериозни планови за летови кои би помогнале во истражување на Уран и Нептун во иднина.

Слушаме многу за Марс, Јупитер и Сатурн, а тоа е затоа што имаме исклучителен напреден „хардвер“ кој лебди околу нив и во некои случаи, крстари по површината на тие планети. Планетите кои се понатаму од Сонцето не добиваат еднакво внимание, но наскоро би моежеле, бидејќи НАСА моментално планира мисии кои ќе ни пружат подобар увид во карактеристиките на Уран отколку што некогаш сме имале.

Мисиите кои се уште само во фаза на теорија и планирања, кои би овозможиле леталата да достигнат до Уран и Нептун, би биле од огромно научно значење. Главна идеја би била да се одреди составот на самите планети и нивни атмосфери и секако да се направат фантастични фотографии. Научниците се надеваат дека ќе можат да ги проучуваат временските услови на планетите , како и нивната клима.

Уран и Нептун кријат многу тајни кои допрва треба да се откријат, а планирани патувања до нив и на нив вклучуваат надлетувања и праќање на атмосферска сонда за собирање на гасови и откривање на елементи.

Ваквите мисии се уште далеку од реалноста поради финснсиите и времето кои би било потребно да се спроведат успешно. Од НАСА тврдат дека во период од 2030 до 2036 година патување до Уран би можело да биде изводливо, а мисија за Нептун би требало да почне пред 2030 година или после 2040 поради темпирања со гравитациските промени околу Јупитер.

Слично

Поврзани вести