Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистериозни купувачи: Војната со цени, да се замени со војна со насмевки!

Мистериозни купувачи: Војната со цени, да се замени со војна со насмевки!
Најуслужни се вра­бо­те­ни­те во авто­са­ло­ни­те и во бан­ки­те. Сосема спро­тив­но, најнеуслужни се вра­бо­те­ни­те во про­дав­ни­ци­те за тех­нич­ка опре­ма и те­ле­ко­му­ни­ка­ци­и­те. Ова е кон­ста­тација на аген­ци­ја­та „Свот ри­срч“ во истра­жу­ва­ње­то на ква­ли­те­тот на ус­лу­га­та и напро­даж­ни­те ве­шти­ни на вра­бо­те­ни­те во 6 деј­но­сти. Ова истражување се прави секоја година преку та­ка­на­ре­че­ните ми­сте­ри­оз­ни ку­пу­ва­чи.
Ге­не­ра­лниот ди­ре­ктор на „Свот ри­срч“ Мар­ко Ра­до­њиќ, вели дека нај­го­ле­ми­от дел од подобрувањата што можат да се за­бе­ле­жат кајпродавачите на автомобили, се дол­жи на до­бра­та обу­ка што вра­бо­те­ни­те ја до­би­ва­ат од нив­ни­те ма­тич­ни ком­па­нии. Според него најважна е психологијата, односна пристапот до клиентот.
„Вра­бо­те­ни­те во авто­са­ло­ни­те до­би­ва­ат до­бра обу­ка за ку­пу­вач­ка­та пси­хо­ло­ги­ја, и на­чи­нот на кој се од­не­су­ва­ат со клиентитев, но имаат и зна­е­ње за ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на про­из­во­дот што го ну­дат. Ка­ко не­до­ста­ток што го открив­ме е што 45 от­сто од авто­мо­бил­ски­те ком­па­нии не ну­дат тест-во­зе­ње“, вели Радоњиќ.
Според истражувањето авто-салоните котираат со највисоки резултати во квалитетот на услугата и продажните вештини на вработените со над 80 проценти од исполнетост на стандардите, телекомуникациските оператори се на второ место, а банките на трето место. Ниту една од испитуваните дејности не забележува највисоко или најниско рангирање. Продавниците за техничка опрема се со најниски вкупни резултати.
Тај­ни­те ку­пу­ва­чи на аген­ци­ја­та, биле во обиколка на продажните објекти 339 пати. Освен во автосалоните тие биле присутни и во бан­ки, те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски опе­ра­то­ри, су­пер­мар­ке­ти, про­дав­ни­ци за тех­нич­ка опре­ма и бен­зин­ски пум­пи.
Радоњиќ на презентацијата на резултатите од истражувањето истакна дека еден од клучните недостатоци на вработените е не нудењето дополнителни производи. Во Македонија само во осум проценти од испитаните случаи биле понудени дополнителни производи, а просекот во ЕУ е 56 проценти.
Истражувањето, дури покажува дека вра­бо­те­ни­те во мар­ке­ти­те и во бен­зи­ски­те пум­пи сè уште не ги поз­дра­ву­ва­ат ку­пу­ва­чи­те во по­че­то­кот и на кра­јот од раз­го­во­рот. На вработените во те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски­те опе­ра­то­ри им се забележува што гра­ѓа­ни­те че­ка­ат по­ве­ќе од 10 ми­ну­ти за да ја до­би­јат ус­лу­гата што ја побарале.
Би­деј­ќи ква­ли­те­тот на ус­лу­ги­те во су­пер­мар­ке­ти­те и во про­дав­ни­ци­те за тех­нич­ка опре­ма се сè уште ни­ски, Ра­до­њиќ сме­та де­ка вој­на­та со це­ни што се­га се слу­чу­ва, ќе би­де за­ме­не­та со насмевка и со поздрав.
- Во битката за цени почнуваат да размислуваат и за други методи кои можат да влијаат на продажбата. Во следниот период се повеќе ќе расте свеста кај компаниите дека токму услугата што ќе се понуди на купувачите е важна, односно борбата ќе се премести од ценовна во услужна, изјави Радоњиќ.
Истражувањето на „Свот рисрч“ беше спроведено во периодот од 9 септември до 17 октомври годинава. Користен е методот на посети во продажните објекти од страна на тајни купувачи кои се обични граѓани на различни возрасти обучени според светски стандарди.
Слично

Поврзани вести