Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мистериозна авиокомпанија – достапна е само за одбрани!

Мистериозна авиокомпанија – достапна е само за одбрани!
Со една авиокомпанија не може да патува секој. Таа е достапна само членовите на семејствата на шеиците од Обединетите Арапски Емирати и Владата на Катар. За авиокомпанијата Катар Амири Флајт малкумина слушнале и таа постои само за да опслужува тесен круг катарски моќници. Има меѓу 11 и 13 авиони и речиси сите се Ербас, a само неколку Боинг. Во авиокомпанијата околу 100 лица се вработени како кабински персонал, а со авионите управуваат само капетани кои се регрутираат меѓу вработените во Катар Ервејс. Сара Стигар, која како стјуардеса работи 15 години во една американска авиокомпанија, откри дека Катар Амири Флајт е всушност еден од најмистериозните авиопревозници. „Првпат слушнав за нив кога мојот пријател Адам имаше сосема случајна средба со нив. Се пријавувал во еден хотел, кога вниманието му го привлекол екипажот на една авионска компанија. Тоа бил голем екипаж, како во комерцијални летови, а сите носеле часовници Картие и други луксузни предмети. Капетанот кој стоел покрај мојот колега на рецепција ја платил сметката со кредитна картичка на која наводно биле одобрени 100.000 долари за трошоците на екипажот. Мојот пријател мислеше дека знам за која авиокомпанија станува збор, но јас немав слушнато за нив“, открива Стигар. Подоцна Адам од една од стјуардесите дознал дека нивната авиокомпанија се води во категоријата „ВВИП“ (услуга за исклучително избрана клиентела) и дека не прима комерцијални патници.  
Слично

Поврзани вести