Мислите дека ќе добиете отказ? Веднаш направете ги овие 3 работи!
Си ја вршите својата работа добро, но во последно време имате чувство дека тоа не се забележува и оценува. Или во раководството на компанијата ви се случиле промени и почнала чистка на вработените. Можеби сте дозволиле сериозна грешка. А можеби само интуицијата ви дава знак. Причините да си мислите дека ќе добиете отказ, можат да се доста. Што сепак да направите во овој случај?
Најважно е да не паничите, пишува Forbes. Обидете се да ја процените трезвено ситуацијата. И во никој случај не напуштајте само од желба да ја испревртите ситуцијат, без да сте си нашле нова работа. Наместо тоа направете го следново:
1. Постепено приберете ги личните предмети, за да сте подготвени, ако ви треба брзо да си одите. Префрлете ги вашите важни датотеки или примери за ваши достигнувања во работата, кои можат да ви послужат во иднина. Осигурете се исто така дека ги имате контактите на колеги со кои сакате да останете во контакт
2. Обновете ја вашата биографија со детали од работата на која сте сеуште . Наведете свои успеси и поткрепете ги со докази, ако е можно.
3. Почнете дискретно да барате нова работа. Распрашајте се низ сферата дали се нуди нешто. Излезете на ручек или вечера со колегите и ги потпрашајте за отворени места. Фокусирајте се на нови можности.
