Минт Visa во чекор со вашите потреби - сега достапна и на Google Pay
Плаќањето влегува во нова ера – побрзо, поедноставно и попаметно од кога било. Mint Visa кобрендираната картичка сега е достапна на Google Pay, носејќи ново ниво на удобност, брзина и сигурност во секојдневните трансакции.
Заборавете на физичките картички и паричници. Со само неколку чекори, вашиот мобилен телефон станува дигитален паричник, подготвен за плаќање во продавници, онлајн или каде било каде што има бесконтактен ПОС терминал. Едноставно отклучете го уредот и доближете го, плаќањето е завршено за неколку секунди.
Она што ја прави оваа услуга вистински чекор напред е безбедноста. Google Pay користи напредна токенизација – технологија што заменува чувствителни податоци со уникатен виртуелен код. Тоа значи дека вашите податоци остануваат заштитени, а секое плаќање е сигурно.
Активирањето е брзо и едноставно. Сè што ви е потребно е Android уред, инсталиран Google Wallet и вашата Минт Visa кобрендирана картичка.
Дополнително, користењето на Google Pay е целосно бесплатно, без скриени трошоци за додавање на картичката или за извршување плаќања. Вие добивате модерно решение без дополнителен финансиски товар.
Со оваа нова функционалност, Минт Кредитуште еднаш покажува дека е во чекор со современите навики на корисниците. Брзината, сигурноста и едноставноста повеќе не се луксуз – туку стандард.
Изберете паметно. Плаќајте дигитално со Минт Visa кобрендираната картичка.
За дополнителни информации контактирајте нѐ на 15 107, нашата веб страна, или во најблиската филијали до Вас.
ПР објава