Економија, финансии, бизнис

Контакт

Министерството за земјоделство ќе ја брани пастрмката

Министерството за земјоделство ќе ја брани пастрмката
Ќе се менуваат риболовните основи со кои се одредува количината на излов на охридската пастрмка, најавува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Целта е да се заштити овој ендемски вид во Охридското Езеро од целосно истребување. Цветков денеска се сретна со претставници на концесионерот „Пастрмка 2012“ и надлежниот инспекторат, на еден од риболовните пунктови во Охрид. „Со концесионерот разговаравме за за тоа што е потребно да се направи за да ја вратиме пастрмката во Охридското езеро, да го вратиме брендот, што е тоа што ние како држава, како ресорно министерство треба да направиме за да помогнеме“, вели Цветков. Концесионерот, пак, објаснува дека количините за улов на пастрмка не се реални, бидејќи овој вид на риба ја има во се помали количини. Оваа година поднесени се 147 прекршочни пријави и четири кривични, одземени се 700 килограми најразлична риба уловена незаконски и казнети се 11 ресторани поради продажба на риба без сертификат за потекло, информира ресорниот инспекторат.
Слично

Поврзани вести