Минимална откупна цена од 12 денари за килограм пченица бараат земјоделците
Земјоделците и мелничарите во Свети Николе се сретнаа со новиот министер за земјоделство Михаил Цветков и разговараа за откупната цена на пченицата.
Минимална откупна цена од 12 денари за килограм пченица бараат земјоделците, со оглед на тоа што годинава лебното зрно ќе биде поквалитетно во споредба со лани и ќе има побогат род.
„Ние како Министерство во овој случај сме медијатори, бидејќи знаете дека ние сме потписници на меѓународни договори, кои што не ограничуваат и не сме во можност како држава да воведеме некои забрани за увоз на пченицата. Значи имаме отворен пазар. Но како Министерство ќе ги вклучиме сите расположиви ресурси на кадар на луѓе, на инспекции така да како што ќе се договориме така и да се откупи оваа жетва“, вели Цветков.
„Имаме свои информации дека дека српската пченица е 150 евра, плус транспортните трошоци 30 евра, плус данокот, исто излегува, односно од 11,5 до 12 денари. Меѓутоа српската пченица треба да се плати веднаш, додека нашата пченица се зависи од млиновите и од договорот на производителот и на млинарите крајниот рок може да биде и шест месеци“, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.
Годинава на македонските ниви се засеани 100 илјади хектари, а се очекува родот да изнесува 300 илјади тони пченица.
Слично
