МИНАТОГОДИШНИ КРЕМИ ЗА СОНЧАЊЕ: Еве дали смеете да ги користите и ова лето!
Сигурно од минатото лето ви останала непотрошена кремата за сончање со заштитен фактор.
Понекогаш не е здраво да ги употребувате наредната година, а еве како да знаете дали смеете да ја нанесувате.
Проверете го рокот на траење
Ефикасноста на рокот за траење на кремите за сончање се намалува после три години, но само во случај никогаш да не сте ги отворале. Токму тоа е оној рок на траење втиснат на амбалажата. Повеќето производи содржат конзерванси кои ќе делуваат и по истекот на рокот, но нема да има голема заштитна моќ при изложување на сонцето. Ако сте во дилема, најдобро е да ја фрлите старата крема и да купите нова-посебно ако имате светол тен.
Пазете се од отворени шишиња
Ако минатата година неколку пати ја користевте својата крема со заштите фактор и не сте ја изложувале на сонце и високи температури, можете безгрижно да ја користите. Но добро размислете каде сте ја чувале. Ако стоела на топло и влажно со месеци, фрлете ја-топлото може да ги уништи состојките кои имаат функција на заштита од сонце. Ќе знаете дека препаратот не е повеќе користен и ако забележите дека е променета бојата или се згрутчила.
Паметно складирање
Чувајте ги препраратите за заштита од сонце на ладно и темно место-никако во купатило каде е влажно и топло и по туширање сигурно не се добри условите. Ви предлагаме да ги ставите кремите во пластични вреќички со затворач и да ги чувате во плакар.
Корстете ги!
Ако купите препарат за сончање на почетокот на летување и ако користите доволно количина при секое мачкање, потрошете го до тргнувањето дома. Докторите препорачуват количина од 30 грама лосион за цело тело. Ако користите спрејови, потребно е да се прскате додека не ја покриете целата површина на кожата. Вашата цел ова лето-не оставајте ниту малку крем за следната сезона.
