Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијатовиќ згрозена, ЗНМ шокиран за МАН казната за Кежаровски- „неочекувано строга“

Мијатовиќ згрозена, ЗНМ шокиран за МАН казната за Кежаровски- „неочекувано строга“
Длабока загриженост изрази претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите за пресудата за новинарот на весникот Нова Македонија, Томислав Кежаровски кој денеска беше осуден на 4 години шест месеци затвор. „Јас сум згрозена од денешната пресуда. Оваа претерано строга осуда е загрижувачки развој и праќа јасна порака за цензура до другите новинари во земјата", се вели во писмената изјава на Мијатовиќ. Оваа пресуда според неа има сериозни последици за слободното изразување и медиумските слободи во Македонија. „Кривичниот прогон на репортери за нивните новинарски активности го прекршува основното човеково право за слободно изразување и обврските на земјата кон ОБСЕ за развој и заштита на слободни медиуми", вели Мијатовиќ. Таа ги повика властите во Македонија да го ослободат Кежаровски и уште еднаш побара да го посети новинарот во притвор. За ЗНМ  пак оваа одлука не го осуди само новинарот Кежаровски, туку е вперена против слободата на изразувањето и слободата на медиуми. Реагираше и Македонската асоцијација на новинари, смета дека пресудата за новинарот Томислав Кежаровски е неочекувано строга,особено во споредба со другите изречени казни. „Оттука произлегува дека сторителите на делото и изворот на информациите за заштитениот сведок се безмалку невини во однос на новинарот кој го објавил идентитетот" се вели во реакцијата.
Слично

Поврзани вести